Friday, January 25, 2008

AIESEC е интернационална организација преку која младите луѓе го откриваат и развиваат својот потенцијал и со тоа допринесуваат за позитивни промени во општеството. Преку нашите активности, на најразлични начини ние ги поврзуваме организациите со врвните млади таленти од целиот свет. Во Република Македонија, AIESEC ги фокусира своите активности во областа на: Претприемништво, Општествена Одговорност, Образование и Финансии. Во последниве неколку години AIESEC Македонија постигна огромни резултати во својата работа. Проактивноста, способноста и мотивираноста на нашите членови е глобално препознаена, поради кои Македонија ги освои наградите за Иновативност и Креативност на “Конференцијата за Претседатели” во Романија, 2004 година и наградата за “achievement and excellence”, од страна на “United bank of Switzerland”, на Интернационалниот Конгрес во Агра, Индија, 2005 година.

No comments: