Thursday, April 15, 2010

АИЕСЕК Денови на кариера 2010


Драги студенти, Интернационалната организација АИЕСЕК ве поканува дa
рисуствувате на настанот Денови на кариера 2010 кој ќе се одржи на Економски факултет - Прилеп во периодотод 19 - 23 април. Свеченото отворање на настанот ќе биде во понеделник
19-ти април во 12:0...0 часот во просториите на Економски факултет- Прилеп. АИЕСЕК Денови на кариера ве потсетува дека рокот за пополнување на апликацијата за учество
на настанот трае до 17- ти април.
АИЕСЕК на учесниците на обуките им доделува сертификати, а исто така, директно учествувате во натпреварот за Најдобро CV кој се организира во соработка со USAID.
Со пополнување на апликацијата на овој линк директно го потврдувате вашето присуство на Едукативниот дел и влегувате во Базата на студенти која АИЕСЕК Денови на кариера 2010 ја креира за компаниите кои учествуваат на Саемскиот ден и бараат студенти за извршување на практиканска работа.
Учеството на целиот настан и обуките чини само 100 денари.
Не ја пропуштајте одличната шанса која ви ја овозможува АИЕСЕК.
Бидете дел од иднината која започнува сега!
Доколку не сте имале можност да се запознете со настанот преку медиумите, кликнувајќи на следниот линк проследете ја рекламата за Денови на кариера 2010 која секојдневно се емитува на Радио 106- ка Битола: www.0.mk/cdvideo.