Идеја на ПроектотНие веруваме дека успешната реализација на овој проект ќе направи голема промена за студентите од нашиот Универзитит “Св. Климент Охридски” и бизнис секторот од регионов. Самото учество во овој проект од страна и на студентите и на организациите би резултирало со позитивни придобивки за двете страни.
Денови на кариера 2009 ќе се одржи во просториите на Економски Факултет – Прилеп во последната недела на април.
Овој настан ќе биде во траење од два дена:
Прв ден: Едукативен дел (22ри април). Учесниците ќе имаат можност да стекнат вештини за пишување на CV, Мотивационо писмо, како да го продадат своето знаење и други вештини кои ќе им бидат неопходни за развој на нивната идна кариера.
Втор ден (28/29 април): Саемски дел каде што компаните ќе имаат можност да се презентираат пред учесниците на Денови на кариера, индивидуални презентации на студентите за своето знаење и вештини и индивидуални презентации на компаниите за тоа каков профил на кадар бараат и какви работни услови нудат.
Студентите и штотуку дипломираните млади луѓе ќе имаат можност да стекнат вештини за развој на нивните кариери, а во исто време и да добијат информации за тоа што се бара од нив при нивното идно вработување. Организациите ќе имаат можност да се презентираат како општествено одговорни компании, а во исто време да добијат пристап до младите луѓе со голем потенцијал кои што можат во голема мера да придонесат за нивното успешно работење и иден развој.
Цели на ПроектотРазвивање на свеста кај студентите дека праксата во некоја компанија за време на нивното студирање е непроценливо искуство.
Создавање на мрежа за поддршка на следната генерација на бизнис лидери во нашата земја, преку овозможување на студентите да добијат пристап до важни контакти и стручни предавања.
Преку можноста за средба и интеракција на студентите и компаниите, да обезбедиме решенија за нивна понатамошна соработка, од која и двете страни ќе имаат придобивки.
Да ги стимулираме компаниите да преземат поголема одговорност во развојот на нивниот иден кадар, а истовремено и самите студенти да преземат поголема одговорност во нивниот сопствен развој.
Да ја претставиме нашата организација – AIESEC како професионална организација која се грижи за откривање и развивање на потенцијалот на младите луѓе.
Соработувајте со нас!За целосна реализација на овој проект,
ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ КОМПАНИИ да земат учество во нашиот проект, и притоа да се претстават како општествено одговорна компанија пред нивните идни вработени – сегашните студенти и пред оштеството како целина. Сите компании кои сакаат да бидат дел од нашата платформа и кои сакаат да бидат партнери во градењето на новото и подобро утре, нека не контактираат:
Проектен менаџер на Денови на Кариера 2009
Мирослав Мечкароски
miroslav.mechkaroski@gmail.com
Потпретседател за надворешни односи
Ирена Ристеска
irena.risteska@gmail.com
Партнер.doc
Учесник.doc
Јуниор учесник.doc
До студентите: Сите оние кои што сакаат да бидат дел од Деновите на Кариера, своите апликации, и своите пополнети пријави кои ќе ги најдете малку подолу, односно информации за себе, можат да ги пратат на следната адреса: dk09prilep@gmail.com
Истражување.doc
DKInfo.doc